Наместо прилив, регистриран е одлив на капитал од земјава во месеците април, мај и јуни, објави Народна банка по истекот на тримесечјето.



Според бројките, во текот на вториот квартал од 2020 година, вкупните директни инвестиции во земјата бележат нето-одливи од 9,3 милиони евра, објави Фактор.

Од јануари до јуни вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 122,6 милиони евра. Во шесте месеци нето-приливи по сопственички капитал се 68,9 милиони евра, а реинвестирањето на добивката изнесува 99,8 милиони евра. Нето одливите за целиот период изнесуваат 46,1 милион евра.

Ваков минус, наместо приливи на странски инвестиции е регистриран во 2017 година во третиот квартал.