Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска обзнани дека нема намера да даде оставка.
„Јас немам намера да поднесам оставка, и се додека сум жив ќе се борам против оние мрачни сили кои му служат на Зоран Заев и нема да правам компромиси со криминалци и со сите оние кои седат во скутот на Заев и кои наместо да бараат промена на оваа криминална влада, бараат оставка од раководството на ВМРО-ДПМНЕ“, рече мицкоски на прес конференција.
„Бараат вонреден конгрес, а немаат поднесено такво барање до архивата на партијата – вели Мицкоски според кој станува збор за мрачни сили кои ја уништија партијата и кои се богатеа благодарение на ВМРО-ДПМНЕ и наместо да се борат за партијата, гледаат како да се спасат себе си и за да си го зашитат својот криминал.
„ Би било кукавички јас сега да заминам, ќе се борам против оваа антиреформска влада на Зоран Заев.Ова е почеток на крајот на СДСМ. Ова власт ќе паѓа на рати, нема да го дочека крајот на мандатот. Немам намера да си поднесам оставка за да му помогнам на Заев“, рече Мицкоски.






