Просечната плата на 68 вработени во Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) во моментов е 75.000 денари, открива порталот Фактор.



Лани, во својата прва година како прв човек на оваа институција директорот на АЦВ, Томислав Тунтев, кадар на СДСМ, поделил 1 милион евра, односно 60,8 милиони денари за нето-плати на вработените пишува во отчетот што ова регулаторно тело го доставило на одобрување во македонското Собрание.

Бруто-платата со сите надоместоци на еден вработен во оваа институција е поголема од 100.000 денари…