Само годинава Македонија досега се задолжи за фантастични 1 милијарда и 500 милиони евра!
Издавањето на еврообврзницата и заемите кои државата ги зема од Меѓународните монетарни фондови нема да ни бидат доволни за надминување на кризата, вели универзитетскиот професор Борче Треневски за Алсат М.
Според Треневски, наесен ќе треба повторно да се задолжуваме бидејќи пари за дополнителни мерки ќе нема
„Спомнаа од Министерството за финанси дека до септември или до крајот на годината буџетот е обезбеден со цел да ги смират очекувањата на граѓаните да не се шири паника. Ќе мора многу мудро да се игра во оваа насока, затоа што од една страна ќе имате притисок од буџетот, доаѓаат за враќање дел од финансиските средства, а од друга страна ќе расте потребата во одредени сектори транспорт, туризам и.т.н.“, рече Борче Треневски- Универзитетски професор.
Според најавите, четвртиот сет економски мерки е веќе скроен, само по формирање на Владата ќе треба да се претстави на јавноста. Досега за трите сета економски мерки се потрошени 550 милиони евра, но од Министерството за финансии за Алсат велат дека има пари и за новиот сет мерки.





