Државната изборна комисија ги објави прелиминарните резултати од вчерашните избори во Црна Гора според кои Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ освои 35,2% од гласовите, односно 30 пратенички места но сама, дури и со претходните партнери во коалицијата, не може да формира парламентарно мнозинство.



Коалиција „За иднината на Црна Гора“ освои 27 места по освоените 32,6 проценти од гласовите.

Алијансата „Мирот е наша нација“ доби 12,5 проценти од гласовите, додека граѓанското движење „Црно и бело“ доби поддршка од 5,57 проценти од гласачите.

Според ДИК, коалицијата предводена од Демократскиот фронт, заедно со двата други опозициски блока, има тесно парламентарно мнозинство со 41 од вкупно 81 место во црногорскиот парламент.