НРА: Ако победи Џо Бајден, ќе ги „разоружа“ Американците!?

Националната стрелачка асоцијација (НРА), најстарата невладина организација во САД која се бори за почитување на Вториот амандман и правото на носење оружје предупредува дека ако на претседателските избори победи Џо Бајден, тој ќе им го одземе правото на Америкјанците да купуваат и користат огнострелно оружје.



Во серија од твитови, НРА која е влијателна сила во политичкиот и медиумскиот простор на САД, се посочува дека демократскиот претседателски кандидат има намера да го „уништи“ Вториот амандман кој гарантира слободно купување и носење огнострелно оружје.

„Ако Џо Бајден победи, тој ќе го уништи нашиот Втор амандман и Америка ќе стане непрепознатлива“, порачаа од организацијата.