Професорот и поранешен советник во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ, уште еднаш ја подбра досегашната министерка за финансии Нина Ангеловска, овој пат за државната помош од 11.000 евра што си ја доделила на својата фирма.
„Министерката Нина ѝ доделила државна помош од 11.000 евра на претприемничката Ангеловска! Каква солидарност, каква хуманост во оваа тешка криза! Големиот чин е само уште еден во долгата низа добри дела на Министерката, откако претходно спречи да ѝ пропаднат 250.000 евра на Претприемничката во Еуростандард банка, и ја ослободи од повисок данок, со укинувањето на проресивниот данок. И сето тоа додека работеше без министерска плата, ја покачи акцизата на горивата, ги повикуваше граѓаните да ѝ донираат на државата и ги убедуваше дека ќе се збогатат ако скенираат фискални сметки. Во најбрзо можно време на министеркава да ѝ се подигне споменик. За да нè потсетува зошто сме тука кај што сме“, напиша Јовановиќ на својот профил на Фејсбук.





