Стефановски со македонското знаме на подиумот во Имола

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски го освои третото место во трката од шампионатот на ТЦР Италија, која се возеше на легендарната патека „Енцо и Дино Ферари“ во Имола.



Единствениот странец меѓу 22 учесника во трката на победничкиот подиум го развеа македонското знаме покрај победникот Редуци и второпласираниот Тавано.

Вчера популарниот Иџе со своето возило „хјундаи и30 Н“ излета од патеката и остана без пласман.

Ова е втор подиум за Стефановски во Имола по тој во 2016 година.