Турција се закани дека ќе ѝ објави војна на Грција

Проширувањето на територијалните води на Грција долж морската граница со Турција ќе се смета за повод за војна, изјави турскиот министер за надворешни работ, Мевлут Чавушоглу.



Тој повтори дека Грците не смеат да ги прошират своите територијални води во Егејското Море на 12 милји.

Доколку Грција ги прошири теритојалните води, нешто со што Атина постојано се заканува, Егејското Море практично ќе биде затворено за турски бродови со оглед на тоа дека некои грчки острови се и на помалку од 12 милји од турското копно.

„Тоа би била причината за војната, „casus belli“, рече Чавушоглу, осврнувајќи се на декларацијата на турскиот парламент од 1995 година.

 Двете соседни членки на НАТО последниве денови се расправаа околу плановите на Турција да го истражува источното подморје на Средоземното море, за кое се верува дека е богато со нафта и гас.

Предупредувањето на Турција уследи откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис најави дека Грција може да ги прошири своите територијални води и во други области.