Алијанса и Алтернатива нема да гласаат за владата

За владата сигурно нема да гласаме, меѓутоа нормално ако има големи и нови аргументи од страна на мандаторот може да се предомислиме, меѓутоа не верувам, изјави денеска пратеникот Хаљум Снопче од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, пренесува Фокус.



Пред почетокот на денешната седница на Собранието кое расправа за избор на нова влада на мандатарот Зоран Заев, претникот Снопче вели дека досегашното искуство тврди дека тоа не може да се случи.