Села не дава Зибери да биде правобранител!?

По вчерашните „шпекулации“, дека кандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери, ќе биде идниот Народен правобранител, лидењрот на опозициската Алијанса на Албанците, Зијадин Села ја отфрли таквата можност.



Тој во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека не може Зибери да биде народен правобранител, бидејќи таа позиција треба да биде наменета за опозицијата.

Зибери, според информациите, треба да го замени Иџет Мемети, кому во декември му истекува мандатот на таа позиција. Но, Села има поинакво мислење околу сето тоа.