Како дел од мисијата наречена „Сојузничко небо“ која има за цел да ја истакне солидарноста и подготвеноста на НАТО, шест американски бомбардери ќе ги прелетаат сите 30 членки на НАТО.



Ова е планирана вежба, објави американската команда за Европа.

„Шест стратешки бомбардери на воздухопловните сили Б-52 Stratofortres ќе летаат над сите 30 земји на НАТО во Европа и Северна Америка на 28 август“, наведува американската команда.