Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека била стратешки правилна одлуката за враќање на сите резерви на злато од странство во земјата.
„Пред три месеци, дадов задача да се вратат сите резерви на злато и девизи во земјата, особено златото. Секој последен грам злато е вратен во земјата”, рече Лукашенко.
Белорускиот лидер посочи дека земјата има доволно резерви за одржување на девизниот курс на националната валута на прифатливо ниво и ја пофали Националната банка и Советот на министри, кои се уште не почнале да ги користат резерви на злато, пренесува Спутник.
Лукашенко е соочен со демонстрации во земјата и притисоци од надвор да ги повтори претседателските избори на кои победи со над 80% добиени гласови пред дваесетина дена.






