Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, во гостување во централниот дневник на Сител соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието.
„Јавно кажавме од собраниската седница дека е премногу и дека е непотребен трошок сето ова што се прави“, истакна Јанушев, додавајќи:
„Впрочем, ако видиме во минатото никогаш не било вака, дополнително само ќе се зголемат трошоците кои ги плаќаат граѓаните, а најголем од тие дури и да ги имаме 5 потпретседатели никогаш нема да седнат на спикерското столче“.






