Два од трите македонски претставници во фудбалската Лига Европа, Шкендија и Ренова, се пласираа во следното квалификациско коло, а Шкупи го заврши натпреварувањето.



Шкендија славеше со 2:0 против Сумкаит во Азербејџан со головите од пенал на Бесарт Ибраими во 56. минута и на Љупче Дориев во 89. минута.

Ренова го победи ерменски Алашкерт со 1:0 во Ереван со голот на Ненад Мишковски во 58. минута.

Шкупи загуби со 2:1 од Нефчи во Баку, откако Азербејџанците поведоа со погодоците на Сабир Бугрин во 66. минута и на Антон Кривоцјук во 88. минута, а намали Дембо Дарбо во третата минута од судиското надополнување на времето.