На 29 септември во 09:30 часот ќе се одржи рочиштето во кое официјално новинар ќе биде суден за оддавање на службена тајна а реално ќе се гони за објавување на информации од јавен интерес и ќе се врши притисок врз медиуми и слободата на изразување.
Новинарот Љупчо Златев денеска ја информира јавноста дека ќе биде прогонуван од обвинителството за случај за кој Советот на Европа и сите други новинарски и организации за човекови права имаат јасна позиција дека не смее да биде причина за судење на новинари.
“Службената тајна” која јас ја објавив во мојот медиум е дека еден вработен во УБК бил отстранет од работа само затоа што неговиот татко присуствувал на протестите против промеена на името.
Она што јас го објавив е класичен јавен интерес и злоупотреба од страна на службите. Она за што јас пишував е класично кршење на човековите права и правото на протест!
Уште од сега имам информација дека од судот било нарачано да добијам условна казна, за да се плашам да објавувам вакви злоупотреби од страна на службите”, пишува Златев денеска.
Златев по добивањето на обвинителниот акт против него не попушта пред обидот на обвинителството да го замолчи.
“Но, драги мои, кај мене тие методи не палат. Јас не само што не се плашам, туку по ваков притисок сум уште похрабар.
Злоупотребите, злоделата и криминалот не може да бидат “Службена тајна”!!!”, вели новинарот на Фејсбук.
Златев е вториот новинар критичар на власта која за нецела година се гони за објавување на информации од јавен интерес.
Предходно на условна казна затвор беше осуден Александар Митовски уредник на порталот инфомакс.мк.
Линк до обвинителниот предлог против Златев
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3597678226932281&id=100000704185638






