Во духот на својата антологиска изјава од конвенцијата на тогашниот претседателски кандидат Стево Пендаровски на 4 април 2019 година („Конечно да избереме претседател, да поставиме кормило, да ставиме сидро кое што ќе влече напред, ќе оди со позасилено темпо“), мандатарот Зоран Заев ги објави приоритетите на својата нова влада.
„Денеска како мандатар до Собранието доставувам предлог за Влада која е подготвена да сработи во полн четиригодишен мандат. Со мене денес се 19 министри и министерки – сите заедно се обврзуваме дека ќе влечеме напред, секој ден, секој час – дека ќе работиме уште повеќе и подобро и дека ќе побараме од секој од вас, од секој граѓанин уште поголемо учество. Ајде, сите заедно да ги удвоиме напорите и да го направиме секое населено место од земјата подобра средина за живеење“, повика лидерот на СДСМ од пред Собранието.





