Собраниската седница на која треба да се избере составот на новата Влада е закажана за оваа сабота со почеток во 11 часот.
Денеска мандатарот Заев го достави предлогот до Собранието, по што материјалот, односно биографијата на новите министри и владината програма, ќе им биде поделен на пратениците за да се запознаат со истиот, и потоа ќе се бираат новите министри предложени од коалицијата СДСМ – ДУИ по одржаните избори на 15. јули.






