Фудбалерите на Вардар го победија Копенхаген со 1-0 во првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите и содадоа предуслови да се најдат во плеј оф рундата иако одлуката ќе падне во Данска. 1-0 не е лош резултат, никако иако навивачите на црвено црните ќе жалат што Вардар не даде гол повеќе, можеби во првото полувреме кога имаше игра, диктираше и создаде неколку убави шанси. Ги издвојуваме ударите на Балотели во 42-та со глава и пред се тој на Фелипе на истекот од првите 45 минути.

Во вториот дел нешто поизедначено во делот на шанси зошто прво се закани Бенкстон, па на спротивната промаши Балотели. Ова беше зицер на вечерта. Но тоа не го деморализира напаѓачот, напротив тој среќно влезе во нова сега уште поголема шанса, а неа ја искористи. Од карамболот чиста ситуација за Балотели кој во 65. минута заби во горниот дел од голот на Данците. Потоа нешто помирно со една шанса на Којашевиќ за 2-0, но и две одбрани на Гачевски за 1-1.
Вардар на арената Филип втори го совлада Копенхаген со 1-0 што е втора врзана победа за црвено црните по онаа со Малме минатиот вторник. Нашиот првак дојде до посакуваното вечерва, триумф без примен гол, и има реална шанса за премин во плеј офот, но оваа партија ќе мора да биде повторена на реваншот следната среда, на Илинден во истиот термин од 20 часот на Паркен стадионот.




