Лидерот на ДУИ , Али Ахмети вели дека дури и ако новата Влада трае само една година, последните 100 дена на чело на Владата ќе биде премиер Албанец, предложен од ДУИ.
„И една година да трае партнеството со Заев, последните 100 дена ќе имаме премиер Албанец предложен од ДУИ. Земјата ќе го има првиот премиер Албанец, па макар и за 100 дена, а сите мислеа дека не можеме да го направиме тоа“, изјави Ахмети во емисијата „Клик Плус“ на телевизија „21“.





