„Сигурно лидерот на СДСМ, Зоран Заев не се израдува со победата на ДУИ на последните предвремени парламентарни избори“, изјави вчера во гостување на ТВ 21 Али Ахмети.



Сепак Ахмети потенцираше дека Заев се извинил за тоа што во нелегално сниманите разговори вели дека Албанците не вредат пет пари.

„Зоран Заев се извини за тоа што ги нарече Албанците дека не вредат 5 пари“, рече Ахмети според кој СДСМ и ДУИ заедно направиле многу и затоа нивното партнерство треба да продолжи.