Градоначалник натепан за паркинг место (ВИДЕО)

Градоначалникот на француското градче
Шалифер бил снимен додека еден негов сограѓанин физички го напаѓа поради спор за паркинг место.



Градоначалникот Лорен Симон во видеото е снимен како со тупаници е нападнат од жител на Шалифер кој е спречуван од една жена.

Нападот врз 56 годишниот градоначалник го осудија голем број француски граѓани и партии а на напаѓачот кој е приведен му се заканува затворска казна.