Предлогот за составот на новата влада ќе биде доставен откако ќе се изберат потпретседатели на Соранието, изјави Зоран Заев за ТВ21.
„Прво парламентот мора да го утврди бројот на потпретседателите во Парлаемнтот и уште некои други одлуки, а исто така треба да го верифицира мандатот на следните пратеници кои доаѓаат од листите. Штом заврши Собранието со сите овие претходни постапки, веднаш ќе го доставам предлогот за Влада и владината програма до Парламентот“, рече Заев кој ќе ја предводи идната влада.




