Антикорупциска комисија: Нема кривична пријава, но Ангеловска можела да знае за Еуростандард банка

Министерката за финасии во заминување Нина Ангеловски можела да знае за судбината на Еуростандард банка и тоа да влијаело на нејзината одлука да ги повлече денарскиот и девизниот влог што ги имала на средства во оваа банка.



Претседателката на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска на денешната прес конференција рече дека министерката морала да направи избор: Или да се откаже од функцијата и да се грижи за нејзините средства или, пак, да остане министерка но во таков случај да остави средствата во Еуростандард банка“ да ја имаат судбината како и на оние други 780 штедачи со влог над 30.000 евра.

Ангеловска не го знаела денот кога и дали ќе се случи донесувањето на одлуката за стечај на Еуростандард банка, во времето кога ги носела своите одлуки, но била во позиција да ги има тие информации со што ја става во состојба на судир на интереси.

Ивановска вели дека нема да биде поднесена кривична пријава, но останува на ставот дека Нина Агеловска „можела да знае“ што ќе се случува со банката со што поради тоа што имала достап до такви информации стекнала предност во однос на другите штедачи.

„Ние не утврдуваме кривична одговорност, меѓутоа од етички аспект го покренуваме прашањето на високо ниво дотолку повеќе што сега стапуваат нови членови на владата и за таа цел ќе дадеме препорака да се доуредат прописите, а особено меморандумот за соработка помеѓу Народната банка, министерството за финансии и другите регулаторни тела“, рече Ивановска и додаде дека треба да се донесат законски одредби за да се спречи конфликт на интереси.