Голема Богородица го одлага протестот на средношколците против онлајн настава

Сојузот на средношколците го презакажа протестот на кој најавија дека ќе го искажат нивното незадоволство од одлуката во новата школска година да има само онлајн настава.



Поради празникот Голема Богородица, наместо во петок, 28-ми август, протестот ќе биде одржан следниот понеделник, на 31 август.

„Протестираме против одлуката за целосна онлајн настава. Се залагаме за комбиниран модел, каде што дозволуваат условите да се применуваат различни локални методи. Рутата на протестот останува иста – започнуваме пред МОН, а протестот завршува пред Владата на РСМ“ , известуваат од Сојузот.