Течат последните 7 дена за состав на влада

Втори септември е последниот рок во кој треба да биде поднесен предлогот за состав на нова влада. Се очекува тоа да биде во некој од наредните денови откако ни денска на веб страницата на Собранието нема најави за седница.



Се чини, новата владина коалиција има проблеми со обезбедување собраниско мнозинство откако неколку ограноци на ДУИ изразија незадоволство од некои кадровски решенија на лидерот Али Ахмети.

Се споменуваа имињата на Артан Груби предложен за вицепремиер и министер за политички систем, како и за Бујар Османи, предложен за министер за надворешни работи.