Баерн Минхен му се придружи на Ливерпул на третото место на вечната листа на клупските фудбалски прваци на Европа, стигнувајќи до својот шести трофеј со победата од 1:0 над Пари Сен Жермен во Лисабон.



Јунак на Баварците во нивното 11. финале во најсилното европско клупско натпреварување беше Французинот Кингсли Коман, кој во 59. минута нафрлената топка од Џошуа Кимих со глава ја смести во голот на шампионот на својата земја.

За Баерн ова е прва европска титула по 2013 година, освоена со максимални 11 победи, вклучувајќи ја и величествената од 8:2 над Барселона во четвртфиналето.

„Светците“, пак, и понатаму се поуспешни во меѓусебните дуели со пет победи и четири порази, но тоа е слаба утеха што останаа со празни раце во своето прво финале во Лигата на шампионите.