Македонскиот активист од Канада, Бил Николов, ги бодри сонародниците дека промената на државното име под присила не е крај на борбата, уверувајќи ги дека „ќе си го вратиме“.
„Без разлика што се случи со #Македонците низ целата поделена #Македонија, ние секогаш ги баравме и се боревме за нашите човекови права, име и идентитет. Присилната промена на името не е ‘крај’. Треба да ве мотивира да се борите посилно. Ќе си го вратиме нашето име. #НашетоИмеЕМакедонија“, порача на Твитер претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП).




