Претседателот на Украина Владимир Зеленски, на белорускиот „колега“ Лукашенко му препорачува да закаже повтори претедателски избори.
Да бев на местото на Лукашенко, дефинитивно ќе организирав нови избори и ќе ги поканев странските набљудувачи, изјавил Зеленски во интервју за „Euronews“.
„Да замислиме дека сум сигурен во себе, убеден дека луѓето ќе гласаат. Како можам да смирам сè? Дефинитивно би рекол: Нови избори за еден месец. И ќе се кандидирам за нови избори. Секој што ќе сака да се кандидира – само напред“, изјавил Зеленски.
„Ако Лукашенко победи – победи, а ако некој друг победи, тогаш тоа ќе биде некој друг. Но, сите би биле мирни, без крв, тоа би било фер и би запишано во историјата“, додал украинскиот претседател.
По претседателските избори на 9-ти август, на кои Луикашенко освои 80,1 осто од гласовите, почнаа масовни протести во целата земја.





