Списокот на осомничени кои сакаа Алексеј Навален да „боледува“ е подолг. Рускиот опозициски лидер, антикорупциски крстоносец и најголем непријател на Путин има онолку непријатели, колку што поднел обвиненија против руската политичка елита, пишува „Политико“.
„Ова е Путин“, обвуини на Твитер портпаролката на Навални, Кира Јармиш, кажувајќи дека Навални е отруен. „Без разлика дали тој лично ја поставил наредбата или не, одговорноста е целосно врз него“.
Обвинението не е изненадувачко: Русија има долга историја во која здравјето на критичарите во Кремљ одненадеж се распаѓа.
Болеста на Навални е злобно слична на она што се случи со новинарката и критичарка на Путин, Ана Политковскаја во 2004 година, кога таа одеднаш се онесвести откако се качи на авион за да пријави заложничка криза. Како и во случајот со Навални, луѓето блиски до Политковскаја наведоа чаша чај третиран со токсинот како наводна причина. (Политковскаја го преживеа нападот, но беше убиена пред нејзиниот дом две години подоцна.)
Хемиските труења со храна на Александар Литвиненко и Сергеј Скрипал се други примери, како што е и опозицискиот активист Пјотр Верзилов, кој се разболе откако присуствуваше на судското рочиште во 2018 година.
Не недостасуваат моќни Руси кои би биле среќни да го немаат. „Тоа е огромен удар за рускиот политички систем“, рече Алексеј Венедиков, уредник на радиостаницата „Ехо од Москва“. „Но, луѓето кои ќе имат корист од тоа не е тешко да се најдат“.
„Корисниците“, кои тој и другите коментатори ги истакнаа, се богатите и славните, кои биле предмет на истраги на Навални за корупција и елитни фракции со врски со конкурентните агенции за спроведување на законот, кои се борат за поголемо влијание.
Но, исто така, тешко е да се негира дека тоа што му се случи на Навални доаѓа во политички деликатен момент за Кремљ. Во последните неколку недели, соседна Белорусија е потресена од големи улични протести во кои се бара оставка на долгогодишниот лидер Александар Лукашенко.
Востанието во соседството е точно вид на граѓанско незадоволство што Путин, чиј рејтинг опаѓа, го смета за егзистенцијална закана – и Навални го поттикнува на социјалните медиуми.
„Прашањето што се одвива пред нашите очи во Белорусија во моментов е: Дали граѓанскиот протест може да ги растури врските на владеачките структури со безбедносните сили?“, запраша Абас Галијамов, политички аналитичар и поранешен пишувач на говори во Кремљ.
„Ако успее во Белорусија, тогаш ќе ја инспирира опозицијата овде и ќе ги деморализира приврзаниците на Путин. Исто така, може да го присили Путин да ја преиспита сопствената политичка стратегија по 2024 година, „кога ќе заврши неговиот сегашен мандат.
Путин, објавувајќи го крајот на најлошата криза со коронавирусот, летово организираше и победи на гласањето за уставните реформи, отворајќи го патот за останување на претседателската функција до 2036 година.
Иако владеењето на Путин беше оспорено од критичарите на претседателот, против него немаше протести од поголеми размери.
Ова се случи во голема мера затоа што Навални, можеби единствениот политички играч способен да организира протест низ целата земја, повика на бојкот на гласањето, но не направи многу повеќе.
(…)
Навални падна во кома на враќање од патување во третиот по големина руски град, Новосибирск, Сибир, каде 34 кандидати за опозиција се кандидираат за 50 места во општинскиот совет.





