Жрепката за новата домашна клупска сезона одржана денеска во ФФМ, покажа дека луѓето што го водат нашиот фудбал се без грам чувство. Како Марфи да ги пронаоѓа тие што не знаат, па првото коло од Првата лига на 13. август ќе треба да тргне со дербито Шкендија и Вардар. Како во ФФМ да не помислиле дека наши екипи може да играат во Европа малку подолго од тоа што е нивни стандард, како некој да сака да ги потроши Шкендија и Вардар за меѓународните настапи, како некој да не знае каде се наоѓа.
Шкендија веднаш побара одложување или презакажување на мечот предвиден да се игра во Тетово, а од Вардар се уште нема реакции, но ќе ги има сигурно, затоа што црвено црните ако го минат Копенхаген во ЛШ може да имаа настап на 15. август или ако испаднат на 17. август кога реални шанси за натпревар во Лига Европа има и Шкендија која реално треба да го совлада Тракаи во ЛЕ.
Прво коло од сезоната 2017/18 во ПМФЛ:
Шкендија – Вардар
Победа – Пелистер
Шкупи – Академија Пандев
Работнички – Ренова
Силекс – Скопје




