Несудениот заменик на Заев на средба со Мијалков во “Мериот”

Повеќе медиуми објавија фотографија од средба меѓу предлогот за прв вицепремиер односно заменик на старо-новиот премиер Зоран Заев и сопственикот на хотелот Мериот и екс шеф на УБК Сашо Мијалков.



Фотографијата од средбата на Артан Груби во хотелот Мериот за чија најавена позиција прв вицепремиер почна бунт во неколку филијали на ДУИ во земјава се појавија откако тројца пратеници на Али Ахмети одбија да гласаат за Груби, Османи и Фатмир Бесими.

Што разговарале Мијалков и Груби засега не откриваат ниту од ДУИ ниту Мијалков.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3540732632638245&id=1337350972976433