Бројките почнаа да се повторуваат: Тројца починати – 115 нови случаи на корона

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа биле направени 1.825 тестирања, а регистрираните 115 нови случаи.



Во истиот период од последици на Ковид -19 починаа 3 лица: двајца пациенти од Скопје на 62 и 68 години и еден пациент од Струга на 68 години, сите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата се искачи на 13.308,  оздравени се 9.977, починати е 557, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.774.