Неизвесна седницата за избор на спикер, се решава проблем со двајца пратеници

Иако беше најавена за денеска се уште траат консултациите за одржување на седница на Собранието на која треба да биде избран спикерот Талат Џафери.



Според собраниски извори можно е седницата да не се одржи денеска затоа што двајца пратеници на ДУИ се незадоволни од изборот на еден од предложените министри на оваа партија.

Пред да се одржи седницата на која без нивните гласови не може да биде избран Џафери тие бараат дополнителни разговори со Ахмети и исполнување на нивните барања.

Се очекува седницата да започне веднаш по завршување на средбата на пратениците со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Предходно дел од медиумите објавија дека постои незадоволство кај два моќни локални испостави на ДУИ во Чаир и Сарај.

Засега нема потврда кои се проблематичните пратеници ниту за кој проблематичен министер станува збор.

ДУИ-Сарај и ДУИ-Чаир се бунтуваат против Груби и Османи