На седница на белорускиот Совет за безбедност, претседателот Александар Лукашенко ги повика водачите на западните земји, кои денес се состануваат да разговараат за ситуацијата во Белорусија, да се фокусираат на проблемите во нивните земји.
“Би сакал да ги советувам: пред да го вперат прстот во нас, на агендата на своите состаноци да ги постават прашањата за ‘жолтите елеци’ во Франција и ужасните немири во Соединетите држави. Сакам тие да ги разгледаат протестите против мерките за изолација на коронавирус во Германија и други европски земји “, рече Лукашенко.
Тој на состанокот на Советот за безбедност, на кој присуствуваа и водачите на регионот преку видео-врска, рече дека Белорусија сè уште се соочува со тешка социјална и политичка состојба, пренесе Тас.
По претседателските избори на кои ги победи актуелниот претседател Александар Лукашенко на 9-ти август почнаа масовни протести на опозицијата
Опозицијата не ги признава резултатите од изборите и смета дека победи Светлана Тихановска.



Лукашенко, изјави дека е убеден дека Западот финансира улични собири и немири во таа земја.