Артан Груби ќе биде првиот вицепремиер и министер за политички систем, објави весникот Коха повикувајќи се на веродостојни извори.
Првиот вицепремиер е за прв пат од албанска партија, додека одлуките, како што се договориле коалициските партнери, ќе се носат со консензус меѓу премиерот и првиот вицепремиер, пишува весникот.
Доколку инфирмацијата е точна тоа значи дека премиерот Зоран Заев не може да донесе ниту една владина одлука без да добие согласност од првиот вицепремиер Груби.
Истите извори за Коха информирале дека Бујар Османи ќе биде новиот mинистер за надворешни работи, министер за финансии ќе биде Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши, додека Екологијата ќе ја води сегашниот министер, Насер Нуредини.
Во меѓувреме, веќе е назначено дека министерот за земјоделство, кој ќе припадне на Движењето БЕСА, ќе биде Аријанит Хоџа, генерален секретар на партијата.





