Лидерот на ДУИ вечерва пред централното раководство на партијата треба да го претстави списокот на имиња на министри од оваа партија во идната влада. Состанокот е закажан за 18 часот.
Али Ахмети во најголем дел сам одлучувал за персоналните решенија во новата влада за разлика од претходните пати кога предлозите за министри доаѓале директно од ограноците на ДУИ, пишува ТВ21 која објавува неофицијален список на имиња.
Министерство за финансии – Фатмир Бесими
Министерство за надворешни работи – Бујар Османи
Министерство за информатичко општество – Ширет Елези
Министерство за животна средина – Насер Нуредини
Министерство за економија – Крешник Бектеши
Министерство за политички систем и вицепремиер – Артан Груби.
Дека партијата го добила Министерството за надворешни работи потврди и организацискиот секретар на ДУИ, Артан Груби. Тој на социјалната мрежа „Твитер“ сподели објава на министерот за европски прашања на Албанија, Гент Цакај во која пишува: Покрај премиер, тројца албански министри за надворешни работи во регионот. Историја!





