На вториот ден од националната конвенција, Американската демократска партија официјално го номинираше Џо Бајден (77) за свој кандидат на претседателските избори во САД.



Бајден ќе се спротивстави на актуелниот претседател Доналд Трамп на изборите што треба да се одржат на 3 ноември, објави Ројтерс.

Џо Бајден беше потпретседател во администрацијата на Барак Обама.