Оливер Спасовски се враќа на чело на МВР, нов министер за одбрана ќе биде Љупчо Николовски (поранешен министер за земјоделство), за образование најверојатно Радмила Шекеринска (досега министерка за одбрана), Мила Царовска се враќа во труд и социјала, Венко Филипче останува министер за здравство… се дел од шпекулациите во медиумите за можните кадри на СДСМ во новата влада.
Досегашниот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој не е кадар од СДСМ, ќе биде вице премиер за евроинтеграции пишува „Плусинфо“.
Според порталот, ДУИ ги добива ресорите за финансии, надворешни работи, економија, животна средина, информатичко општество и администрација, како и вицепремиер за политички систем.





