ДУИ ќе добие премиер во последните 100 дена во 2024-та година

Се укинува институтот „Пржинска влада“’, нема да има технички премиер, нема да има технички министри од опозицијата, а на крајот на 4-годишниот мандат на владата што сега ја договорија Заев и Ахмети, ДУИ ќе предложи премиер кој ќе ја води владата во последните 100 дена.



Ова беше речено на денешната заедничка прес конференција на лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Ахмети.

„Идејата беше за доближување, порака за преземање одговорност од Албанците за заедничка држава. Мора да му признаам на Заев за храброста и поздравувам дека ќе има Албанец премиер во последните 100 дена од оваа влада“, рече Ахмети.