Нападнатиот од Нефи Усеини: Или ќе ме убие или ќе го убијам, цел сум со дупки

Човекот кој денеска беше нападнат од советникот на ДУИ Нефи Усеини за охрид1.мк раскажува што се случувало утрово во Охрид.



Спиро Топаловски кој бил тепан а кон чиј син бил насочен пиштол тврди дека ќе реагира по пронципот “око за око, заб за заб”.

„Ме нападна Нефи Усеини, квази криминалецот кој го опустоши цел град. Инцидентот настана поради Зоре Темелковски. Јас правам куќа за четири деца, под Зоре Темелковски во Рача. Јас ја направив куќата и тој повеќе пати ме пријавуваше дека нелегално ја правам куќата, дека копам. Јас го опоменав. Нефи ми се јавува мене и ми вика дојди да се видиме . Јас нормално, одам. И тој вади пиштол на дете, 14-годишно, на син ми му извади пиштол и му мафташе во нозете. Пиштолот му падна. Кога му падна, јас тргнав да го земам. Само што тргнав да го земам, од позади ме нападнаа уште четворица лица, брат му Ибро и уште двајца хомосексуалци, дали од Струга или Охрид, небитно. Влегов во хотелот, сакаа да ме омаловажат, ме тепаа со пиштоли. Јас таму не делував. Можев да земам и пиштол, но не делував. Дојдов во полиција си пријавив се. Разговарав со полицијата и ми рекоа да одам до крај, бидејќи и тие нема да попуштат. И затоа решив да проговорам. Не може во сите случки Нефи да е прав. Сега сум решен, или ќе ме убие или ќе го убијам. На дете 14-годишно, на син ми, пиштол му извади. Жена ми плаче, мајка ми плаче. Око за око, заб за заб. Или државава да преземе нешто за овие што го пустошат цел град или ќе одам до крај за тоа што на детето мое му извади пиштол. Еден кримиалец не може да тероризира секого и секогаш тој да е во право. Цел сум со дупки“, рече Топалоски за охрид1.

„Во СВР Охрид, С.Т. (41) од Охрид, пријавил дека пред угостителски објект бил физички нападнат од Н.У. (45) од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат кратко од МВР.

Целата информација на Охрид1.ком

Што се случи денеска во Охрид

СВР Охрид: Напаѓачот е со возраст и иницијали идентични на Нефи Усеини