Македонија „загина“ и во официјалните честитки на социјалните мрежи за Денот на Армијата на Република Македонија, во кои не се споменува ниту наметнатото државно име по пропаднатиот референдум од 30 септември 2018 година.
Наместо името на земјата се користи државното знаме, а војската се идентификува само како „Армијата“ во објавите на претседателот Стево Пендаровски, на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и на британската амбасадорка Рејчел Галовеј.
За разлика од твитовите, новото име на војската, заедно со изменетото лого со државното знаме наместо кратенката АРМ во средина, „заблеска во полн сјај“ на централната прослава.






