Претседателот Доналд Трамп изјави дека следниот американски претседател треба да биде физички и психички способен да се справи со „острите“ светски лидери, вклучувајќи ги и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Фокс њуз.
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече рускиот лидер Владимир Путин „шахист од светска класа“, заедно со претседателите на Кина, Турција и Северна Кореја.
„Едно нешто разбрав: Путин, Претседателот Си Џипинг, Ким Јонг Ун, Реџеп Таип Ердоган се шахисти од светска класа“, рече Трамп, говорејќи во државата Висконсин, пренесе Тасс.
Претседателот на САД го критикуваше својот противник на претседателските избори, Џо Бајден, велејќи дека ако неговиот противник стане претседател, нема да може да соработува со светските лидери.





