Бараме итна оставка на парламентот кој го загуби целото достоинство и од премиерот кој е целосно неодреден.
Ова го изјави претседателот Румен Радев, кој инатата ноќ учествуваше на протестите во Варна.
Сега не е време за дебата за промена на уставот. Сега единствената дебата на агендата е оставката, изјавил бугарскиот претседател.
Радев вели дека предлозите на премиерот за нов устав не треба воопшто да се коментираат.
„Ги повикувам сите оние кои се грижат за иднината на Бугарија да не паднат во стапицата на Борисов”, рече Радев.






