Дали банкротот на банката се држел со месеци во тајност додека поминат избори?
Ова го прашува јавно екс амбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколи во врска со банката за која на први јуни од страна на НБРМ била изречена забрана на повеќе банкарски активности.
“Доколку е така (молам демант) се поставува прашање за кредибилитетот на финансовите институции кои индицираат сомнеж дека за нив политика е побитна од финансии. Со каков кредибилитет смируваат сега?”, прашува Зеколи на тема која што за многумина граѓани го поставуваат истото прашање.
Според документот објавен на социјалните мрежи а кој е професионална тајна на НБРМ Еуростандард на 45 дена пред избори била практично блокирана и се наоѓала во блокирана состојба а никој за тоа не ги информирал граѓаните.
Дали банкротот на банката се држел со месеци во тајност додека поминат избори? Доколку е така (молам демант) се поставува прашање за кредибилитетот на финансовите институции кои индицираат сомнеж дека за нив политика е побитна од финансии. Со каков кредибилитет смируваат сега?
— అర్సిమ్ జెకోల్లి (@ArsZek) August 17, 2020





