По вчерашната изјава на Арбен Таравари дадена за ТВ21, ДУИ реагираше и побара оставка од раководството на Алијанса за Албанците.



Таравари вчера оцени дека влада е договорена, а дека се ова што се случува зад флоскулата преговори е – театар кој ќе го поддржат доколу навистина ДУИ обезбеди премиер , ама за 4 не за една година..

„Албанците не заслужуваат толку недостоинствена и неконзистентна опозиција која поставува услови само за Албанците, а талка по ходниците на СДСМ и ВМРО за да не успее националниот идеал. Дајте оставка за 16-от по ред неуспех, покажете дека сте достоинствени и дека имате демократски капацитет и не ги потценувајте Албанците.“, велат од ДУИ.