Тројца починати и нови 103 заразени од коронавирус, најмногу во Куманово

Три починати лица и 103 позитивни на коронавирус од 912 тестирања во последните 24 часа е билансот од битката со коронавирусот во Македонија.



Трите жртви се од Велес (35 години), од Скопје (69) и од Македонски Брод (77).

Од новозаболените 26 се од Куманово, 15 од Гостивар, 13 од Скопје итн.

Институтот за јавно здравство регистрира и 187 оздравени лица.

Вкупната бројка на лица кај кои е дијагностициран Ковид-19 во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 12.840, оздравени се 9.361, починати 547, а бројот на активни случаи е 2.932.