Утре средба Заев-Ахмети, стокмија ли влада?

Лидерите на СДСМ и на ДУИ кои преговараат за нова влада, Зоран Заев и Али Ахмети за утре закажале лидерска средба, откако од СДСМ објавија дека викендов е постигнат сериозен напредок во преговорите на ниво на генерални секретари.



„Со оглед на итноста и потребата од брзо ставање во целосна функција на клучните институции во државата заради справувањето со здравствените и економските предизвици поврзани со Ковид-19, во текот на утрешниот ден ќе се одржи лидерска средба меѓу претседателите Зоран Заев и Али Ахмети на која се очекува конечен договор за нова, стабилна, посветена Влада со мандат од четири години“, објавија од СДСМ.