Ќе добие ли Сноуден помилување од Трамп?


Доналд Трамп вчера изјави дека размислува за помилување за Едвард Сноуден, поранешниот американски рзузнавач кој сега живее во Русија – и кој обелодени дека владата на САД ги шпионира Амењриканците, јави Ројтерс.



Многу луѓе мислат дека треба да се однесувам кон него поинаку, а други луѓе мислат дека тој направил многу лоши работи, рече претседателот и додаде: „Ова ќе го разгледам многу сериозно“.

Оваа изјава е во спротивност со она што го кажа американскиот претседател за време на неговата изборна кампања во 2016 година, кога Трамп за Сноуден релче дека е „предавник и јас грубо би се справил со него“.