Од денеска само по 300 лица дневно ќе имаат право да влезат од Албанија во Грција преку преминот Капштица. Но, граничниот премин е затворен затоа што тој наводно бил исполнет уште во претпладневните часови.
За влез во Грција се чека во колона од околу 4.000 автомобили долга 20 километри со Албанци кои живеат и работат во Грција, претежно во земјоделство, и по одморот во Албанија брзаат да се вратат во Грција поради стравувањата од построги гранични контроли, пренесе Агенцијата Франс Прес (АФП).
Албанците кои се враќаат во Грција од утре ќе треба да презентираат негативен ковид-тест не постар од 72 часа и мора да обезбедат информации за контакт во случај ако се испостави дека се заразени.
„Најавено е дека преку грчката царина ќе поминат 300 луѓе. Чекаме од 06:30 часот, од каде поминаа 300 луѓе? Не знам, тоа го прави албанската држава, да не преминеме таму, да не остави без работа. Полицискиот кордон е тука од 7 часот. Кога им беше погодно, рампите беа отворени. Има ли влада тука? 300 луѓе да поминат за 24 часа? “, вели еден од револтираните граѓани , кои имаат престој и работа во Грција.
Некои автомобили чекаат и по три дена, изјави неидентификуван извор на полицијата за АФП според кои „грчките здравствени екипи работат со намален број на персонал“ и дека границата е затворена ноќе.






